x

Бенчмарк резултати: Note 9 со неверојатно поголеми резултати од iPhone X!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Јули, 2018 од GSM.mk

Додека со нетрпение го очекуваме најавувањето на Note 9, во меѓувреме се појавија резултати од бенчмарк тестирањето на уредот..

Веќе знаеме речиси се што треба за Note 9, a последно ги дознавме и неговите бенчмарк резултати. Станува збор за модел со број SM-N960X, кој Samsung обично го продава во Америка, кој постигна неверојатен multi-core резултат од 12246 и single-core од 4089.

Како за споредба, на врв на Android листата во моментов се наоѓа Galaxy S9 Plus со Exynos 9810 и резултати од 8679 и 3372. Од друга страна, multi-core резултатот на Note 9 е поголем од оној на iPhone X, 10127, а речиси ист со single-core резултатот - 4207.

Samsung's new 9820 processor benchmark mauls iPhone scores, leaks on a mystery Note 9

За жал, не знаеме сигурно дали станува збор за Note 9 или некој друг уред. Смартфонот на тестирањата е забележан со новиот Exynos 9820, кој очекуваме да го видиме кај Galaxy S10. Истотака, доаѓа со 4GB RAM, а се зборува дека Note 9 ќе има најмалку 6GB RAM. 

Како и да е, се надеваме дека тестирањата се реални, бидејќи Note 9 звучи на моќен телефон според нив. :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.