x

Бенчмарк резултати: Samsung Galaxy Tab A 8.0 (2018)

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 09 Јули, 2018 од GSM.mk

Пред само неколку дена се појавија информации дека Samsung работи на нова верзија од Galaxy Tab A 8.0 (2017), а сега, благодарение на Geekbench, ќе се запознаеме со дел од неговите спецификации:

Се на се, таблетот постигна single-core резултат од 653 и multi-core од 1831. Ваквите резултати беа добиени благодарение на Snapdragon 430, мало подобрување од Snapdragon 425 со кој доаѓаше минатогодишниот модел. Покрај ова промена, се друго е речиси исто - процесорот е повторно придружен од 2GB RAM. 

За надворешниот изглед на таблетот сеуште немаме никакви информации, иако најверојатно повторно ќе станува збор за алуминиумска конструкција. Покрај тоа, за разлика од Galaxy Tab S4 кој ќе доаѓа со нов, all-screen, дизајн, буџетската алтернатива на компанијата ќе има подебели рамки и физичко Home копче. 

Samsung Galaxy Tab A 8.0 (2018) benchmark reveals Snapdragon 430 and more

 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.