x

Бенчмаркинг: Новиот iPad Pro (2018) продолжува да изненадува со импресивни резултати

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 07 Ноември, 2018 од GSM.mk

Без сомнеж, Geekbench резултатите на новиот iPad Pro (2018) се импресивни и подобри од речиси било кој смартфон, и повеќето лаптопи на пазарот. Но, уште поважно е како уредот се покажа на AnTuTu. Да погледнеме:

Исто како и со Geekbench резултатите, таблетот изненади и на AnTuTu. Всушност, iPad Pro (2018) е првиот iOS уред со резултат од 500,000 - сето тоа благодарение на графичкиот процесор на A12X. Речиси повеќе од половина од резултат е негова заслуга.

Сега за сега, Android уредот со најдобар резултат на AnTuTu припаѓа на Huawei. Станува збор за првиот смартфон со 7nm чип и Kirin 980, кој постигна резултат од 300,000+. 

И покрај одличниот резултат, вработените во AnTuTu велат дека нема големи разлики меѓу iPad Pro (2018) моделот со 1TB меморија и 6GB RAM, и другите модели кои имаат 4GB. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.