x

Бенчмаркинг резултати: Galaxy S10 ќе биде послаб од iPhone XS

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Јануари, 2019 од GSM.mk

По низа спецификации и фотографии од неговиот дизајн, сега се запознавме и со вистинските перформанси на Galaxy S10, благодарение на неговите бенчмаркинг резултати..

Со Exynos 9820 и 6GB RAM во внатрешноста, регуларниот S10 постигна 9570 поени на multi-core тестирањето и 4382 поени на single-core тестот. Во однос на Galaxy S10+, овие резултати се за 1571 и 1134 поени подобри. Кога чипот ќе биде тестиран во комбинација со финалниот софтвер, multi-core резултатите веројатно ќе бидат поблиску до 10,000 поени, слично како оние кои ги постигна Huawei Mate 20 Pro со Kirin 980.

Од друга страна, слично како минатогодишните Exynos 9810 и A11 Bionic, овогодинешниот Exynos 9820 повторно нема да успее да го надмине моќниот A12 Bionic на Apple.

Regular Galaxy S10 gets benchmarked, not as powerful as the iPhone XS

Следејќи ги чекорите на неговиот поголем брат, исто како Galaxy S10 Plus, и обичниот S10 ќе доаѓа со три камери на задната страна. На предната страна ќе се наоѓа 6.1 инчен Infinity-O панел, со мала дупка на горната страна за селфи камерата. 

Нивното претставување е закажно за 21 февруари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.