x

Бенчмаркинг резултати: Nokia 7.1 Plus со Snapdragon 710 и 6GB RAM

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Октомври, 2018 од GSM.mk

Пред неговото официјално претставување на пазарот следната недела во Кина како Nokia X7, се појавија бенчмаркинг резултатите на Nokia 7.1 Plus, заедно со дел од неговите спецификации..

Смартфонот постигна single-core резултат од 1827 и multi-core од 5937. Овие бројки беа постигнати благодарение на Snapdragon 710. Заедно со процесорот, HMD Global го има снабдено новиот уред со 6GB RAM, како и 128GB меморија. Истотака, работи на Android 8.1 Oreo. 

Покрај внатрешните спецификации, знаеме дека ќе доаѓа со 6.2 инчен дисплеј и нови ZEISS камери. Главната камера ќе биде од 13 мегапиксели, секундарната од 12 мегапиксели, а селфи камерата ќе има 20 мегапиксели. 

Сега за сега, сеуште не знаеме кога Nokia 7.1 Plus ќе биде достапен на глобално ниво.

Nokia 7.1 Plus gets benchmarked with Snapdragon 710 and 6GB of RAM


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.