x

Бенчмаркинг тестирања: Sony Xperia XZ4 доминира со своите резултати!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 05 Јануари, 2019 од GSM.mk

Заедно со дел од спецификациите, деновиве се појавија и бенчмаркинг резултатите на Xperia XZ4. Според нив, изгледа дека Sony подготвува навистина моќен уред...

На AnTuTu, Xperia XZ4 заедно со Snapdragon 855 во внатрешноста постигна одлични резултати. Според тестирањата, уредот постигна single-core резултат од 3,497 поени и multi-core од 12,801. Како за споредба, едни од најмоќните Android смартфони постигнуваа single-core резултат од околу 3,000 поени, додека multi-core резултатите се движат до 8,800 поени. 

Alleged Sony Xperia XZ4 dominates Geekbench's single- and multi-core benchmark tests


Без сомнение, изгледа дека XZ4 ќе биде неверојатно моќен уред, благодарение на Snapdragon 855 и останатите спецификации кои ќе ги нуди. Покрај процесорот, уредот очекуваме да нуди HDR10+ видео поддршка, dual-frequency GPS, 4К Portrait Mode Video Bokeh и многу повеќе.

Во свет на iPhone и Galaxy уреди, изгледа дека и Xperia смартфоните на Sony ќе се приклучат на листата на најмоќни уреди за 2019 година.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.