x

Бесплатна апликација која ќе ве мотивира да трчате

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 20 Април, 2018 од GSM.mk

Како што доаѓаат уште потопли денови, сѐ потешко е да се убедите себеси дека треба да трчате, иако знаете дека треба да го направите тоа. Затоа е тука бесплатната апликација C25K, која ќе ве мотивира да трчате и да бидете активни

C25K е бесплатна апликација за iOS и Android која е направена за да ве натера да станете од кревет и да почнете да трчате, а крајната цел е да влезете во форма.

Всушност, целта на оваа апликација е за 8 недели да ве доведе во физичка форма со која ќе можете дури и да се натпреварувате на маратон. C25K постепено ќе го зголемува интензитетот на трчање и ќе ви дава совети за поголема издржливост, а ваша задача ќе биде само да ги следите чекорите кои ги предлага апликацијата.

Сепак, апликацијата нема да ви биде од корист ако претходно не се убедите самите дека ќе одвоите барем половина час трипати во неделата за трчање.

Најдопадливиот дел од оваа апликација е едноставниот интерфејс, кој е дизајниран на тој начин за да биде лесен за употреба и за снаоѓање во него. На средина од апликацијата има тајмер кој ќе ви покажува уште колку време ви останува од дневната сесија на трчање, а притоа ќе добивате и гласовни команди за кога ќе треба да го зголемите интензитетот на трчање или пак да почнете со одење.

Иако C25K нема веднаш да ви помогне да трчате големи дистанци, сепак оваа апликација е добар помошник и мотиватор кој ќе ве натера да го ставите телото во форма пред да дојде летото.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.