x

Binge: апликација која ќе ви помогне во изборот на филмови

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 06 Август, 2018 од GSM.mk

Binge e нова социјална мрежа креирана од Македонски девелопери. Mобилната апликација е достапна за Android и iOS платформите и претставува социјална мрежа по принципот following / followers.

Откако ќе ја симнете Binge ќе ви се појават неколку екрани кои ќе ви направат краток вовед во апликацијата, а потоа се најавувате со Facebook или E-mail. Откако ќе се најавите, имате можност автоматски да ги заследите вашите пријатели од Facebook кои веќе се корисници Binge.

Апликацијата се состои од 4 компоненти:

Timeline

Ова е главната компонента или може да се каже домашната страна на апликацијата на која се прикажуваат искуства за филмови од оние кои ги следите во форма на објави со фотографија и кратки информации за филмот или тв серијата. Има 3 типови на објава:

  • Watching – Доколку филмот што го споделувате го гледате во моментот.
  • Rated – Доколку веќе сте го гледале, го оценувате со оцена од 1 до 10 и краток коментар.
  • Binge Watching – Доколку сте почнале да гледате цела сезона од тв серија.

Објавите можете да ги лајкувате, а имате можност и за комуникација преку коментари под секоја објава. Исто така на секоја објава има опција филмот од објавата да го зачувате во Watchlist, тоа е делот на вашиот профил со филмови кои планирате да ги гледате во иднина.

Доколку кликнете на одредена објава ви се отвара екран на кој имате подетални информации за филмот (трејлер, времетраење, жарн, кастинг, итн...) како и ваши персонализирани информации од вашата мрежа на пријатели како тие го оцениле филмот во минатото.

Search

Оваа компонента главно служи за пребарување на филмови, тв серии, актери и профили. Меѓу другото на почетниот екран ви нуди предлози на филмови од вашата мрежа на пријатели.

Notifications

Во овој дел се прикажуваат сите нотификации од апликацијата подредени по време.

Profile

Ова е вашиот профил со персонализирани информации каде се прикажува ваша фотографија (автоматски превземена од Facebook), корисничко име, последно гледани филмови и вашите објави како и делот Watchlist во кој ви се зачувани филмовите кои планирате да ги гледате во иднина.

Креаторите на Binge во разговорот со Кајгана велат дека работеле една година на развојот на апликацијата, но дека сепак ова е првата верзија за која се свесни дека има и недостатоци како таква. Најавуваат многу подобрувања и нови опции во идните надоградувања кои ќе го подобрат социјалниот аспект на апликацијата.

Топло ви препорачуваме да ја ѕирнете.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.