x

BlackBerry KEY2: 6GB RAM и Snapdragon 660

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Мај, 2018 од GSM.mk

Според новите информации, BlackBerry KEY2 ќе доаѓа со подобрен процесор и уште неколку нови спецификации..

Почнувајќи од моќта, TCL Communication ќе вклучи помоќен процесор - Snapdragon 660, кој ќе го замени Snapdragon 625 во минатогодишниот KEYOne. Покрај тоа, новиот процесор ќе биде придружен од 6GB RAM и 64GB меморија. 

На задната страна, ќе се наоѓа дуален систем камери од 12 и 8 мегапиксели, а селфи камерата ќе биде истотака од 8 мегапиксели. Дисплејот ќе биде 4.5 инчен со 3:2 сооднос. Батеријата ќе биде од 3,360mAh.

Почетната цена на KEY2 ќе биде 550 долари, а го очекуваме во јуни. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.