x

BLU VIVO XL4: Модерен телефон со солидни спецификации и ниска цена

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Декември, 2018 од GSM.mk

Како и досегашните уреди на BLU, VIVO XL4 е за оние корисници кои имаат ограничен буџет, а сепак се во потрага по сите модерни смартфон карактеристики:

И покрај ниската цена, VIVO XL4 доаѓа со метална конструкција, придружена од 6.2 инчен edge-to-edge LCD панел, со резолуција од 720 x 1520 пиксели. На задната страна се наоѓа скенерот за отпечатоци, како и дуалниот систем камери од 13 и 2 мегапиксели. Селфи камерата е истотака од 13 мегапиксели.

Во внатрешноста на уредот се наоѓа Mediatek Helio P22, заедно со 3GB RAM и 128 GB меморија. Батеријата е од 4000 mAh. Достапен е во црна и златна боја. 

И покрај моќните спецификации, сепак станува збор за уред од средната класа, кој дефинитивно ја оправдува цената од 150 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.