x

Brave: Веб-прелистувач кој ќе ви плаќа за да гледате реклами!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 04 Април, 2016 од GSM.mk

Android и iOS корисниците може да го инсталираат Brave, веб-прелистува кој ги елиминира (или ви овозможува да профитирате) од рекламите. Да погледнеме за што се работи...

Доколку сакате, можете да платите одредена сума и сите реклами да бидат тргнати од веб-страната. Но, поинтересната опција е Brave да ги замени постоечките реклами со сопствени и да ви плаќа одредена сума на вас, за да ги гледате на вашиот телефон или таблет.

Кога ќе се согласите да гледате реклами, вие, Brave и партнерот на рекламата добивате по 15% од приходот. Доколку сакате да бидете без реклами, тогаш плаќате фиксна сума, од која 5% оди кај Brave. Сепак, има еден мал проблем...

Сите исплати се вршат во Bitcoins, а мора да симнете Bitcoin wallet од Brave. За да ги извадите и трошите парите, мора да поминете низ процес на верификација.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.