x

Call of Duty: Black Ops има изненадување за вистинските фанови

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 26 Февруари, 2021 од GSM.mk

Видеоиграта Call of Duty: Black Ops доби втора сезона, а вистинските фанови забележаа дека конечно ќе се оствари долго најавуваното доаѓање на зомбијата во CoD: Warzone.

Имено, во новата сезона се скриени многу навестувања за ова, а едно од нив е и една calling card, односно задача на која пишува „Во Warzone, убиј осум зомбија пред крајот на првиот круг“.


Во последните неколку недели, имавме можност да видиме уште неколку навестувања слични на ова, како што се, на пример, радиопорака на капетанот кој објаснува некому дека на бродот избувнала инфекција што ќе биде „тешко да се контролира“ , пренесува порталот PC Gamer.


Не е тешко да се претпостави дека бродот на овој капетан ќе се насука и дека е полн со зомбија.

Втората сезона на CoD: Black Ops ќе им биде достапна на гејмерите од 25 февруари.


Извор: Кајгана.мк


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.