x

Цени на додатоците за Xbox One

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 30 Јули, 2013 од GSM.mk

Microsoft конечно се реши да ни ги открие цените за дополнителната опрема за Xbox One, како на пример гејмпади, батерии и слично. Генерално, Microsoft знае да биде екстремно скап во оваа област..

Контролерот, односно гејмпадот ќе чини 59,99 долари, додека пак Play and Charge китот (rechargeable батерија + charger) ќе чини 24,99 долари. Конзолата, која ќе се продава по цена од 499 долари, ќе биде опремена со само еден гејмпад, што значи дека самите ќе треба да додадете пари за мултиплеер искуство, како на пример играње FIFA или PES.

Од друга страна, официјалната цена за гејмпадот на PlayStation 4 исто така е 59,99 долари, што значи дека се води ценовна војна до одреден степен. Сепак, контролерот на PS4 има вградени motion сензори, па цената донекаде може да биде оправдана. Xbox One најверојатно нема да поддржува third party контролери, што значи дека нема да можете да купите Logitech гејмпад од Anhoch за петстотини денари и да го користите на новата конзола. 

Ова е една огромна рестрикција на Microsoft, па затоа се надеваме на пониски цени на контролерите во иднина.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.