x

„Chernobylite“ е хорор видеоигра која ве носи во срцето на Чернобил

Категорија: Занимливости Објавено на 21 Јуни, 2019 од GSM.mk

Периодов светот на поп-културата е преплавен со референци на нуклеарната катастрофа во Чернобил, која неодамна беше прераскажана преку тв-серија на HBO. Сега ќе се појави и игра за истиот период..

Играчот ќе биде задолжен за главниот лик во приказната, кој веднаш на почетокот ја дознава шокантната вест дека неговата девојка била киднапирана и тргнува во мисија да ја пронајде.

Во потрагата играчот ќе наиде на морничава атмосфера и разни ликови кои лутаат низ радиоактивниот град од лични причини. Во борбата со опасните и чудни суштества ќе можете да користите оружје, а секој нов ден ќе претставува нов предизвик.


Студиото The Farm 51 преку crowdfunding собра повеќе од 200.000 долари и вети дека тие ќе бидат инвестирани во играта за таа да биде полна со заплети, емоции и интересен гејмплеј. Авторите на оваа игра за потребите на нивниот претходен проект „Chernobyl VR“ направија 3D скенирање на околината во близина на Чернобил, што им овозможи автентично да го прикажат напуштеното подрачје.


На почетокот, „Chernobylite“ ќе излезе само за компјутери, но од студиото најавија дека таа набрзо по премиерата ќе биде достапна и за играчките конзоли.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.