x

Четири грешки што речиси сите ги правиме при полнење на телефонот

Категорија: Совети Објавено на 03 Мај, 2022 од GSM.mk

Кои работи се најважни при полнење на батеријата за да трае подолго и да биде оптимално искористена? Тоа се и најчестите грешки што ги правиме речиси сите.

Батеријата на паметните телефони е една од најважните компоненти и е еден од клучните фактори што влијае на конечната одлука на корисникот да купи уред.

Може да се каже и дека мобилните телефони ја „надраснаа“ својата првобитна улога и дека сега се уреди без кои практично не можеме да замислиме ниту еден ден.

За користењето на телефонот да биде пријатно и непречено, потребно е да ја одржувате батеријата, а подолу се неколку совети кои можат да ви помогнат во тоа.

Оптимално време за полнење на телефонот

Голем број корисници практикуваат полнење на телефонот само кога батеријата е потрошена или кога состојбата е критична, па потрагата по штекер станува најважна работа на светот. Меѓутоа, во пракса се покажа дека работниот век и автономијата на батеријата се намалуваат, доколку нејзиниот капацитет често се користи максимално.

Препорачливо е да не дојдеме во ситуација батеријата да „падне“ под 20% од нејзиниот капацитет, бидејќи тоа може да има долгорочни последици врз нејзиниот животен век. Исто така, треба да се внимава да не се полни батеријата до максимален капацитет, за да се одржи нејзината автономија на оптимално ниво. Ова важи не само за мобилните телефони, туку и за лаптопите и другите слични уреди.

Се препорачува батеријата секогаш да биде на 20 до 80 проценти од нејзиниот капацитет.

Полнење преку ноќ 

Многу корисници се навикнати на практиката да го полнат телефонот додека спијат, па уредите цела ноќ ја поминуваат на полнач. Меѓутоа, оваа практика со себе носи одредени ризици. Ако телефонот е поврзан на полначот цела ноќ, батеријата ќе биде под висок напон подолго време. Во конкретниот случај, активниот материјал во батеријата ќе биде во метастабилна состојба, што значително ќе го забрза намалувањето на траењето и автономијата на батеријата. Се препорачува да го извадите телефонот навреме од полначот, за да ја одржите батеријата во оптимална состојба, што значи или да не ја полните батеријата цела ноќ или да ја користите обезбедената опција за контрола на полнење, доколку вашиот телефон ја поддржува.

Температурата на околината влијае на полнењето на телефонот

Хемиските карактеристики на литиумските батерии ја одредуваат оптималната температура на околината (дефинирана во упатството за употреба, кое доаѓа со паметниот телефон).

Во средини со ниска температура, електрохемиската активност на батеријата ќе се намали, што значи дека моќта на телефонот, која може ефективно да се користи, ќе биде на пониско ниво отколку што работи на нормални работни температури. Кога телефонот започнува со процеси кои трошат голема количина на енергија (како фотографирање, правење видеа или играње игри), преостанатиот капацитет на телефонот, кој може да се користи, значително ќе се намали во споредба со работата на нормални температури.

На пример, користењето на телефонот додека е на полнач ќе генерира значително повисок степен на топлина, што ќе резултира со побрзо празнење на батеријата. Затоа, не се препорачува практика на користење на телефонот на полнач.

Полнење на батеријата со полнач на друг телефон

Секој производител на телефон прави полнач според однапред утврдени спецификации и принципи за брзо полнење.

Ако користите полнач што не е дизајниран за овој бренд за полнење на вашиот паметен телефон, брзото полнење може да не работи и постои реален ризик да го оштетите телефонот или батеријата.

За да може батеријата да биде во оптимална состојба, се препорачува да ги користите полначите предвидени за овој модел на телефон, бидејќи не сите производители на батерии и полначи имаат компатибилни уреди и додатоци за батерии и полначи од други производители.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.