x

Clear Vision

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 25 Ноември, 2012 од GSM.mk

Clear Vision е епска снајперска игра со интригантна приказна. Ваша цел е да станете елитен платен убиец кој ќе ги извршува најсложените убиства кои претходно Ви се дадени од Вашите клиенти

Платформа: Аndroid


Тип на игра: Акција


За самата игра:

Главен протагонист во ова игра е Tyler, кој не e задоволен од својота работа во маркет, каде што секојдневно трпи тортура од својот шеф, решава да ја напушти работата и да стане професионален убиец. 

Вашите задачи ги добивате преку пошта или на вашиот лап топ каде што клиентите детално Ви објаснуваат како сакаат да го изведете убиството. Уште пред првата мисија имате вовед кој ќе ви ги објасни главните елементи од ова игра. Така на левата страна Ви се наоѓа опцијата за полнење и пукање а додека на десната страна е полето за движење на снајперскиот нишан.

Снајперскиот нишан во Clear Vision не е обичен снајперски нишан како во друшите игри кои сте ги играле. Тука треба да земете дека во зависност од далечината на која метата се наоѓа Вие треба да го кренете или спуштите нишанот. Потоа важен фактор игра ветерот, со што Вашиот нишан треба да го поставите соодветно од правецот на дување на ветерот. Сите овие елементи ја прават играта да биде многу заразна а вооедно и на некои места многу тешка каде што предизвикот е поголем.


 


Позитивни страни:

Играта изобилува со позитивни страни, така на пример графиката е доста добро стилизирана и приспособена играта да оди мазно на Вашиот телефон. Самата околина во која ги извршувате Вашите задачи е премногу иновативна со што секое ниво се разликува од претходното иако во сите нивоа главна цел е да извршите некое убиство. Врз сево ова главен акцент на играта и дава неверојатно добро смислената приказна која дополнително ќе го задржи вашето внимание во ова игра.



Негативни страни:

Доколку сте решиле да ја пробате бесплатната верзија на ова игра, нема да можете да уживате во сите нивоа затоа што ќе мора да ја купите платената верзија, верувајте оваа игра нуди премногу па затоа нема да зажалите ако ја платите. Друга негативна страна е тоа што нас играта ни се виде премногу кратка, но затоа се надеваме дека играта ќе добие ново продолжение кое со нетрпение ќе го чекаме.


Лиценца: Платена и Бесплатна

Линк за превземање 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.