x

Cook на состанок со Trump: Како iPhone тарифите помагаат на големиот конкурент Samsung

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Август, 2019 од GSM.mk

Втор пат по ред, претседателот Трамп одржа состанок со Tim Cook со цел да ги решат прашањата околу тарифите на iPhone серијата...

За разлика од останатите компании во Силиконската Долина, Cook постојано зборува за конфилктот со Кина во однос на тарифите. Токму поради тоа Tim Cook организираше состанок со претседателот на Америка и да му даде уште една причина зашто тарифите "може да го уништат божиќниот период и успехот на компанијата". 

Според Cook, тарифите на iPhone серијата индиректно ќе му помогнат на Samsung, а се разбира, јужнокорејска компанија не треба да има поголем успех во Америка, особено бидејќи слоганот на Трамп е "Make America great again".

По состанокот, Трамп сподели:

"Имав успешен состанок со Tim Cook, за кого имам многу почит. Една од работите за кои зборувавме беа тарифите и Cook неколку пати повтори дека најголемиот ривал на Apple, Samsung, не плаќа тарифи бидејќи е од Јужна Кореја. Се разбира, поради тоа Cook смета дека не е правилно Apple да плаќа тарифи кога најголемиот ривал ја нема таа обврска."


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.