x

Corning: Oppo F9 ќе биде првиот смартфон со Gorilla Glass 6

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Август, 2018 од GSM.mk

Без многу размислување, Corning минатиот месец го претстави Gorilla Glass 6. Сега, компанијата сподели нови информации за заштитното стакло, како и уредот кај кого ќе го видиме прво..

Според Corning, Gorilla Glass 6 може да го заштити вашиот уред од просечно 15 паѓања до висина од 1 метар. Покрај тоа што ќе го заштити од кршење, новата генерација Gorilla Glass ќе врши подобра работа во заштитата на вашиот панел од гребаници. 

Меѓу другото, Corning сподели дека првата компанија кај која ќе го видиме ова стакло ќе биде Oppo. Иако не беше спомнат специфичниот модел кај кој ќе го видиме, претпоставуваме дека станува збор или за Oppo F9 или F9 Pro. Двата уреди ги очекуваме на 16 август, а Oppo веќе неколку пати сподели информации за нивните спецификации, со посебен акцент на подобрувањата кај екраните. 

Oppo беше и првата компанија која го искористи Gorilla Glass 5, кое може да се најде кај модели како Oppo Find X и Oppo R15.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.