x

Creator Accounts: Нова Instagram функција достапна само за креаторите и познатите личности!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 13 Декември, 2018 од GSM.mk

Instagram подготвува нова алатка специјално наменета за познатите профили, која ќе им овозможи подетално разгледување на информации за нивните следбеници..

Функцијата е наречена Creator Accounts и ќе биде достапна само за одредени корисници - креатори и познати ѕвезди. Компанијата изјави дека целта на овие промени е "Instagram да стане најдоброто и најлесно место за комуницирање, градење следбеници и заедници со фановите". 

Оваа алатка е наменета да им помогне на профилите да функционираат како официјални бизнис заедници и ќе им понуди поглед на корисниците за нивните "фанови", вклучувајќи ги новите следења и одследувања. Истотака, креаторите ќе добиваат информации за дневните и неделни промени на бројот на следбеници, со цел полесно да откријат кои се причините за ваквите промени. 

Според Instagram, нова функцијата сеуште се тестира, а ќе биде достапна на почетокот од 2019 година. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.