x

Црвен OnePlus 6: Отпакување и импресии

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јули, 2018 од GSM.mk

OnePlus 6 сега доаѓа во нова, впечатлива, црвена боја. Иако неговото претставување е за неколку дена, веќе наидовме на видео од неговото отпакување. Да погледнеме како изгледа:

Најпрво, доаѓа во црвена кутија, со мало OnePlus знакче на горната страна, заедно со слоганот "The Speed You Need" (брзината која ви е потребна). Што е право, OnePlus 6 е навистина брз: Работи на најбрзиот Android чип на пазарот, Snapdragon 845, и има чисти и импресивни перформанси. 

Во кутијата се наоѓа:

  • Црвен OnePlus 6
  • Силиконска маска
  • Dash Charge полнач
  • Упатство
  • Слушалки

Црвено vs Црно
Откако ќе ви помине возбудата поради фактот дека имате нов телефон, навистина може да забележите колку силна и впечатлива е црвената боја на уредот. Од страните, има малку поразлична нијанса на црвена боја, со матиран финиш. Скенерот за отпечатоци е рефлективен како огледало и во зависност од аголот, ги рефлектира објектите силно, затоа на дел од фотографиите изгледа црн и темен.


Спецификации
Во однос на спецификациите, добивате само една верзија од црвениот OnePlus 6 - 8GB RAM и 128GB меморија. 

Цена и достапност
Црвената верзија од уредот ќе биде достапна од 10 јули. Повторно, доаѓа со 8GB RAM и 128GB меморија, по цена од 580 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.