x

Дали бавно ви работи Google Chrome? Можеби сте жртва на хакерски напад

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 26 Јануари, 2021 од GSM.mk

Корисниците на Google Chrome се предупредени на нова хакерска кампања во која се злоупотребуваат популарни екстензии што ги користат милиони луѓе.

Постои еден знак дека нешто не е во ред - вашиот компјутер работи бавно.

Корисниците на Google Chrome се предупредени за новата закана чија цел се над 20 екстензии кои вкупно ги користат над осум милиони луѓе. Според експертите за безбедност од Kaspersky, популарните екстензии како  додатоци како Frigate Light, Frigate CDN и SaveFrom биле мета на хакерите.

Овие екстензии за Chrome хакерите ги искористиле за вршење на нивните активности, но за среќа, овојпат целта не беа чувствителни податоци како што се финансиски информации. Наместо тоа, целта на оваа кампања беше да генерира сообраќај за видеа на страници за стриминг за да се зголеми гледаноста.

Видеата скришно се пуштаат во позадина додека „жртвата“ пребарува онлајн, што резултира со забавена работа на Chrome од вообичаеното. Екстензиите на кои предупредија од Kaspersky, како што се Frigate Light и Frigate CDN што беа во веб-продавницата Chrome, се отстранети од списокот.

Ако вашиот антивирус почне да открива закани во Google Chrome или кој било друг прелистувач базиран на Chromium, првото нешто што треба да направите е да ги оневозможите сомнителните екстензии. Ако не сте сигурни кои екстензии се опасни, обидете се да ги оневозможите една по една додека не ја пронајдете вистинската.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.