x

Дали би купиле воздушно перниче за вашиот смартфон?

Категорија: Занимливости Објавено на 12 Јули, 2018 од GSM.mk

Исто како и патниците во автомобилот, вашиот телефон треба да остане заштитен и безбеден. Па тогаш зошто немате воздушно перниче, слично на она кое се наоѓа во вашиот автомобил?

Филип Френзел е студент по инжинерство и тој го дизајнираше овој пронајдок најмногу инспирирајќи се од неговите лични потреби, бидејќи знае дека заштитата на смартфоните е многу важна. Неговиот дизајн неодамна се појави на Reddit.

Дизајнот на Френзел започнува со тенка заштитна маска, опремена со сензори кои детектираат кога телефонот е во слободен пад. Кога телефонот ќе „полета“, металните пружини ги отвораат заштитните рамки кои го ублажуваат падот. Потоа, можете да ги затворите рамките назад во „оклопот“ и да ги употребите кога повторно ќе се случи пад на телефонот. Видеото може да го погледнете тука. 

Овој пронајдок му ја донесе на Френзел Наградата за мехатроника на Германија за 2018 година, а студентот има план во наредниот месец да го претстави проектот на Kickstarter за да собере пари за сериски да го произведува. Вреди да се напомене дека Amazon има обезбедено патент за сличен дизајн уште во 2012 година.

Накратко, Френзел го нарекува овој изум AD Case, што е скратено за „active damping case“ или во превод „активна маска за ублажување на удари“.

Ако сакате да дознаете повеќе за проектот или пак за Филип Френзел, кликнете тука.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.