x

Дали е ова крајот на популарната GTA?

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 26 Февруари, 2021 од GSM.mk

Гејмерите понекогаш премногу „уживаат“ во видеоигрите, така што границата помеѓу реалноста и виртуелниот свет е заматена.

Се чини дека ова е случај со една многу популарна франшиза - Grand Theft Auto (GTA).

Имено, полицијата во Чикаго регистрирала зголемен број кражби на автомобили и мотоцикли, кои ги поврзуваат со франшизата GTA, бидејќи во овие видеоигри, ваквото однесување на ликовите е честа појава.

Така, порталот Fox 32 Chicago пишува дека жителите на Илиноис сѐ почесто се мета на тинејџери кои притрчуваат до нив додека се во возилото, им се закануваат со оружје или со употреба на физичка сила, како во GTA, и ги принудуваат да го напуштат возилото.

Само оваа недела, еден 16-годишник и двајца 15-годишници биле приведени за вакви инциденти. Минатиот петок беше нападнат полицаец, кого исто така го ограбија тинејџери во стилот на ликовите од видеоигрите.

И покрај тоа што не постои силна врска помеѓу играњето франшиза на GTA и криминалот, Ерли Вокер, филантроп од Чикаго, покрена иницијатива за забрана за продажба на насилни видеоигри на млади гејмери, а веќе пет земји во светот ја забранија или цензурираа GTA.

Доколку оваа иницијатива успее, оние што сакаат да купат некои од насловите на GTA, ќе мора да покажат лична карта за да докажат дека се полнолетни, во спротивно нема да можат да ги купат на територијата на Чикаго.

Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.