x

Дали Huawei ја исмева Америка со новите имиња на P40 уредите!?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Јануари, 2020 од GSM.mk

Дали Huawei се обидува да испрати порака до земјата со која нема дозвола да соработува?

Што може да биде поамеричко од користењето на Disney филм? Според твит од Evan Blass, Huawei ги именуваше очекуваните P40 и P40 Pro со код-имињата Anna и Elsa. Доколку не сте Disney фан или немате дете под 12 години, станува збор за сестрите од цртанот Frozen и Frozen 2. Anna е принцеза, а Elsa e кралица со моќи. 

Инаку, Huawei P40 уредите ќе бидат најновите модели во P серијата на компанијата. Серијата се фокусира на фотографирањето. P40 ќе има три задни камери (главна, широкоаголна и за портрети). P40 Pro ќе биде помоќен и ќе има четири задни камери (главна, широкоаголна, за портрети и ToF сензор). Ќе бидат изработени од керамичка конструкција.

Render of the Huawei P40 Pro - Huawei's P40 inside joke trolls America


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.