x

Дали Instagram и Facebook наскоро ќе станат една апликација?

Категорија: Занимливости Објавено на 14 Септември, 2020 од GSM.mk

Корисниците на Instagram веќе некое време можат да ги споделуваат своите приказни (Instagram stories) на нивниот Facebook профил, а двете платформи направија уште еден чекор кон спојување.

Корисниците на Facebook сега можат да ги видат и приказните на своите пријатeли од Instagram. Новата опција е сè уште во фаза на тестирање и во моментов е достапна само за мал број луѓе.

Доколку оваа опција се покаже како корисна ќе биде достапна за секој корисник, пишува Engadget. Ќе можете да ги разликувате приказните на Instagram и Facebook, така што приказните на Facebook ќе имаат сина, а приказните од Instagram портокалова рамка.

Кога станува збор за приватноста, само оние кои можат да ја видат вашата приказна на Instagram ќе можат да го сторат тоа од Facebook, но прво ќе треба да ја активираат оваа опција. Оние што не ве следат на Instagram нема да можат да ги видат вашите објави. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.