x

Дали Snapchat ќе стане следниот Instagram?

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 05 Октомври, 2013 од Теодора Нарашанова

Сликите кои исчезнуваат добија поголема сила. Snapchat тимот креираа нова верзија на оваа апликација сега достапна за Android, како и iOS оперативниот систем

Најважно и најинтересно за оваа нова верзија е тоа што од сега можат да се прават така наречени " Snapchat Stories" , односно приказни, каде што сликите и видеата кои би се ставале таму ќе бидат достапни 24 часа, со неограничено прегледување на истите. 

По тие 24 часа се бришат и се остава место за нови “приказни“. “Твојата приказна никогаш не завршува и постојано се менува“, изјавува тимот на оваа апликација на нивниот блог,  “ Крајот на приказната денес е почеток на приказната утре“.

Исто така ќе биде достапна листа на сите кои ја погледнале сликата/видеото.

Доколку сте Android корисник за да ја имате оваа апликација кликнете тука!
Доколку сте iOS корисник за да ја имате оваа апликација кликнете тука!


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.