x

Дали Xiaomi згреши со датумот на претставување на Mi 9?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Февруари, 2019 од GSM.mk

Деновиве Xiaomi го најави датумот на претставување на својот нов уред, Mi 9. Според голем дел од фановите, компанијата направи голема грешка при неговото одбирање..

Не сме сигурни која е замислата на Xiaomi, но компанијата на твитер најави дека Xiaomi Mi 9 пристигнува на 20 февруари - истиот датум кога го очекуваме и претставувањето на S10 серијата на Samsung, за време на Unpacked 2019 настанот. Иако Xiaomi има прилично голем број фанови, сепак, претставувањето на својот премиум уред истовремено со една од најочекуваните серии на Samsung можеби и не е најдобра идеја.

Според фотографиите кои се појавија, Xiaomi Mi 9 ќе има три камери на задната страна - системот ќе биде составен од 48 мегапикселен сензор, придружен од 12 мегапикселна секундарна камера и 3D Time-of-Flight сензор.

На предната страна ќе се наоѓа 6.4 инчен AMOLED панел, со резолуција од 1080 x 2220 пиксели. Во внатрешноста се наоѓа Snapdragon 855. Процесорот ќе биде придружен или од 6GB RAM/128GB меморија, или 8GB RAM/256GB меморија. Скенерот за отпечатоци ќе се наоѓа под дисплејот. Ќе работи на батерија од 3500mAh. 

Заедно со обичната верзија, Xiaomi ќе претстави и  "Explorer Edition" од Mi 9, исто како што направи со минатогодишниот Mi 8. Уредот ќе има проѕирен дизај на задната страна, преку кој ќе се гледа процесорот на кој работи - Snapdragon 845.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.