x

Дел од iPhone 8 уредите имаат дефект при производство: Apple нуди бесплатна поправка

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 03 Септември, 2018 од GSM.mk

Дел од iPhone 8 уредите имаат проблем со матичните плочи, а Apple нуди бесплатно решение на проблемот..

Според Apple, мал процент од iPhone 8 уредите имаат проблем со матичните плочи кој настанал при производството. Доколку вашиот уред има дефект, Apple бесплатно ќе го поправи. За да проверите дали и вие го имате проблемот, кликнете тука. Серискиот број на вашиот телефон може да го најдете во Settings > General > About.

Компанијата изјави дека корисниците со дефектни уреди може да забележат поспори перформанси, исклучување на апликациите и целосно рестартирање на телефонот. Проблематичните единици биле продавани во Америка, Австралија, Кина, Индија, Јапонија и Нов Зеланд во периодот меѓу септември 2017 и март 2018 година. iPhone 8 Plus моделите не се дел од проблемот. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.