Дел од корисниците на Google ќе добијат 1 TB бесплатен простор
Категорија: Занимливости Објавено на 08 Ноември, 2022 од GSM.mk
Google го надоградува Drive просторот со 15 GB на 1 TB - и тоа бесплатно.

Google Drive е една од најкорисните алатки кои компанијата Google ги има во својата понуда. На корисниците им е понуден бесплатен простор за складирање на своите податоци, поточно 15 GB простор, а кому тоа не му е доволно секогаш може да се претплати на некоја од опциите кои Google ги нуди и ќе добие до 1 TB простор на својот cloud.
Меѓутоа, кориснициоте, односно дел од нив, повеќе нема да треба да се грижат за слободниот простор на својот налог бидејќи Google објави дека го надоградува бесплатниот простор од 15 GB на 1 TB за Workspace Individual корисниците.
„Наскоро секој Google Workspace Individual налог ќе добие 1 TB безбеден складиштен простор во cloud. Не треба ни со прст да мрднете за да можете да добиете надограден простор за складирање - секој налог со постоечките 15 GB автоматски ќе се надогради на 1 TB“, објави Google.
Технолошкиот гигант исто така најави дека работи на нови функции, како што е Premium Meet, електронски потпис во Google Docs, закажување состаноци и флексибилен изглед во Gmail.
Извор: Кајгана.мк
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.