x

Dell претстави два нови лаптопа

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 19 Мај, 2020 од GSM.mk

Компанијата Dell претстави два нови лаптопа, а нивните главни карактеристики е тоа што се тенки и многу моќни.

Се работи за подобрениот модел XPS 15 и потполно новиот модел XPS 17. И двата лаптопа имаат многу тенки рабови што значи дека 15,6 и 17-инчниот екран можат да се надоградат на помали куќишта.

Од компанијата Dell тврдат дека се работи за најмалите лаптопи од оваа серија.

Површината е направена од карбонски влакна. XPS 15 е тежок 1,8 кг, а XPS 17 4,65 кг.

И двата модела се достапни во голем број конфигурации. Основните модели имаат Intel Core i5, 8 GB RAM, 256 GB SSD меморија, Intel UHD графика, екран со резолуција од 1.920х1.200 пиксели чувствителни на допир и 56WHr батерија.

Можно е и двата модела да добијат Core i9 процесор, 64 RAM и екран со резолуција 3.840х2.400 пиксели чувствителни на допир.

Што се однесува на батеријата, во случај на екранот со помала резолуција, батеријата на моделот XPS 15 трае 25, а на моделот XPS 17 до 20 часа.

Dell XPS 15 е веќе достапен во продажба по цена од 1.299,99 долара, додека пак продажбата на моделот XPS 17 започнува ова лето по цена од 1.4999,99 долари за основниот модел.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.