x

Десет години подоцна: „Minecraft“ е најпродаваната видеоигра на сите времиња

Категорија: Забава Објавено на 22 Мај, 2019 од GSM.mk

Кога „Minecraft“ за првпат се појави во светот на гејмингот, никој не можеше ни да претпостави дека еден ден оваа видеоигра ќе прерасне во вистински културолошки феномен со фан база која постојано расте.

Неодамна „Minecraft“ наполни десет години, а по повод роденденот Microsoft објави дека играта досега е продадена во 176 милиони примероци, што ја прави најпродаваната видеоигра на сите времиња.

Успехот примарно се должи на отворениот свет кој им е достапен на играчите, но и на одличната и редовна поддршка која Microsoft ја пружа за оваа игра постојано да биде ажурирана и достапна за секого. Верзии на „Minecraft“ постојат за различни платформи и уреди, како што се Xbox One и Nintendo Switch, покрај регуларната компјутерска верзија.


Досега првото место на листата на најпродавани видеоигри беше резервирано за „Tetris“, но овие две игри не може да се споредуваат бидејќи „Tetris“ објавен во неброено многу варијанти. Основната верзија на „Tetris“ е продадена во 70 милиони примероци. Вкупно, од EA тврдат дека оваа игра се продала во 170 милиони примероци, што и понатаму е шест милиони помалку од „Minecraft“.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.