x

Десктоп верзијата на WhatsApp ќе нуди видеоповик за 50 луѓе

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 12 Мај, 2020 од GSM.mk

WhatsApp има намера да стане сериозна конкуренција на платформите Zoom и Skype.

Наскоро ќе овозможи заеднички видеоповик за 50 учесници, но на десктоп верзијата. Кога WhatsApp ќе ја воведе новата можност, ќе стане алтернатива за Zoom, Skype и Google Meet. Новата опција е воочена во бета верзијата на WhatsApp Web, а насоките во менито корисниците на WhatsApp ги упaтуваат кон неодамна претставената услуга Facebook Messenger Rooms каде може да се креира соба и да се поканат луѓе да учествуваат, или да креираат соба директно преку WhatsApp.

WhatsApp неодамна доби големо ажурирање и сега поддржува видеоповик за осум учесници на мобилната верзија, но спомнатите нови опции овозможуваат да се повикаат повеќе корисници ако е тоа потребно.

Можноста ќе биде достапна на уреди кои користат оперативни системи iOS и Android, но конкретно поддршката за десктоп претставува одржлива замена за веќепостоечките слични услуги.

Кога се појави Messenger Rooms во април, директорот на Facebook Марк Закерберг најави дека можно е да ги поддржуваат WhatsApp, Instagram и Facebook Port, но сега се чини дека тоа ќе се случи многу порано од очекуваното, иако точниот датум не е познат, објави Techradar.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.