x

Despicable Me: Minion Rush

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 11 Август, 2013 од Божидар Трпков

Лојалните и жолти миниони на Гру, кои постојано брборат се спремни за нивната најтешка задача во играта наменета за паметните телефони - Despicable Me: Minion Rush..

Играте како минион и се натпреварувате со други играчи, со цел да го имресионирате Вашиот господар, (поранешниот) супер-негативец Гру! Скокајте, летајте, избегнувајте објекти, собирајте банани, бидете палави и поразувајте ги негативците за да ја заработите титулата Минион на Годината! 

Минионот со кој играте трча низ две различни локации кои се полни со изненадувања, тајни и пречки: лабораторијата на Гру, населбата во која живеат и најново што излезе со Despicable Me 2: Пештерата на Ел Мачо. На овие стази минионот може да наиде на битка со Вектор, Мина или Ел Мачо. Гру, доктор Нефарио и трите девојчиња, постојано ви задаваат мисии кои треба да ги исполните за да бидете максимално подли и да заработите поени. Кога сме кај поените, тие се заработуваат и со самото трчање на стазите, собирањето на банани и со удирање на минионите кои ќе ви се најдат на патот. 

Играта е друштвена, односно можете да се натпреварувате со вашите фејсбук пријатели и да им праќате предизвици или да се натпреварувате со сите што ја играат играта насекаде околу светот. Исто така секоја седмица се одржува нов неделен натпревар со различни предизвици. 

 Уживајте во непредвидливо смешни моменти со Минионите.

Минионот не е таму сам на себе. Прилагодете го својот минион со уникатен костум, оружја или моќи.

Секој костум има своја посебна способност, овие костуми се купуваат со собраните банани а некои бараат жетони.

Жетони  можете да собирате додека играте и тоа максимум 5 на ден а за бананите нема ограничување. Тука е плишаниот еднорог на Агнес за да ви помогне околу тоа. Бананите, како што се потребни за костимите, така се потребни и за зголемување на трајноста на оружјата и моќите.

За да поминете поголема дистанца на стазата, можете да се возите со ракетата на Гру. Исто така не ја пропуштајте шансата да замрзнувате објекти со Freeze Ray или да ги уништувате пречките со MegaMinion.

Доколку сте Android корисник, играта можете да ја симнете бесплатно и директно од Play Store: Despicable Me: Minion Rush.apk

Доколку сте Apple iOS корисник, играта можете да ја симнете бесплатно директно од App Store: Despicable Me: Minion Rush.ipa

Забавувајте се со пријателите!! Гледајте им го најдобриот резултат, праќајте им предизвици и покажете им кој ќе биде Минион на Годината!!! 


Minions Rush Unicorn Minions Rush Baby Minion Minions Rush Baby Scores Minion Rush

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.