x

Детални рендери го открија изгледот на мистериозниот Google Pixel Fold

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Ноември, 2022 од GSM.mk

Долго време се шпекулира и се наведуваат различни имиња за новиот Google смартфон, вклучувајќи го и Pixel Fold, а сега се појавија и детални рендери кои откриваат како ќе изгледа.

Смартфонот наводно сè уште е во развој и се смета за „најтаинствениот проект на Google досега“. Изворите тврдат дека ќе биде лансиран во мај 2023 година заедно со таблетот Pixel, што треба да се случи за време на годишната конференција за програмери на Google I/O, која секогаш се одржува во петтиот месец од годината. Уредот ќе биде достапен во две бои и тоа Chalk (бела) и Obsidian (црна), како што ги нарекува Google.

Рендерите објавени од Frontpagetech го прикажуваат уредот во двете бои, а се создадени врз основа на 3D рендери и „други детали“, но спецификации сè уште нема.

Неименуваните извори тврдат и дека Pixel Fold ќе има „вообичаени перформанси карактеристични за Pixel“, како и одлична камера. Еден од изворите рече дека паметниот телефон ќе биде тежок, но не одговори на прашањето „во споредба со што“.

Исто така, беше откриено дека смартфонот ќе чини 1.799 долари, а по таа цена Galaxy Z Fold 4 на Samsung се продаваше и во САД кога започна продажбата во август оваа година.

„Лентата“ што го претставува модулот на камери не е толку широка како кај моделите Pixel 7 и 7 Pro и не се протега од раб до раб, но сепак е доволно да се идентификува уредот како Pixel.

Уредот ќе има две селфи камери од 9,5 мегапиксели, едната ќе се наоѓа во отворот на надворешниот екран, додека другата ќе се наоѓа на десната страна од чудно широката рамка на внатрешниот екран.

Сензорот за отпечатоци ќе биде интегриран во копчето „power“, а уредот ќе има два звучници, еден на горниот дел и еден на дното.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.