x

Девојката на Елон Маск ќе им помага на Android корисниците да заспијат!

Категорија: Занимливости Објавено на 27 Јануари, 2021 од GSM.mk

Девојката на Елон Маск, во партнерство со Endel ќе им помага на Android корисниците полесно да заспиваат..

Минатата година, компанијата Endel најави партнерство со артистката  Claire Elise Boucher, истотака позната како Grimes. Резултатот на ова партнерство беше специјални звуци во Endel iPhone апликацијата, составени од композиции на Grimes, заедно со AI магија, кои им помагаат на корисниците да се релаксираат и полесно да заспијат. За жал, ова партнерство веќе не е достапно на Endel апликацијата за iOS.

Но, добрите вести се што сега овие композиции се достапни за Android корисниците. Заинтересираните може да добијат персонализирани звуци кои ќе им ги смират нервите и да заспијат. Апликацијата може да се симне од тука.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.