x

Доаѓа Grand Theft Auto 6!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 28 Март, 2016 од GSM.mk

Наскоро доаѓа шестата игра од франшизата Grand Theft Auto, пишува TechRadar. Според нивното известување, компанијата Rockstar моментално работи на GTA 6, која ќе биде сместена некаде во САД.

Rockstar работат на продолжението на GTA 5 од 2013-тата година - една од најскапите и најуспешните видео игри во историјата. Сè уште не е познато каде ќе биде сместена приказната во оваа игра, но извештајот вели дека ќе биде некаде во САД.

Исто така, медиумот пишува дека Rockstar паралелно работат и на Grand Theft Auto: Tokyo - локација за која се зборува уште во времето кога излезе GTA 3. Како проблеми за развивање на играта тогаш ги посочија комплицираноста на патниот систем во градот, но и фактот што треба да се менуваат брендовите и автомобилите, со цел да бидат автентични за таа локација.

Доколку изворите на TechRadar се во право, компанијата најверојатно нашла начин да ги преброди овие проблеми и да им ја донесе на фановите оваа сакана локација. 

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.