x

Доаѓа новиот PlayStation, кои се неговите моќни карактеристики?

Категорија: Занимливости Објавено на 19 Април, 2019 од GSM.mk

Sony објави дел од карактеристиките на новиот PlayStation 5. Иако тоа не е официјалното име на конзолата, во медиумите и на социјалните мрежи го користат тоа додека компанијата не го соопшти вистинското.

Јапонскиот технолошки гигант соопшти дел од карактеристиките што ќе ја издвојат конзолата за која, како што се претпоставуваше, е заслужен AMD.

PlayStation 5 ќе има осумјадрен процесор од трета генерација Ryzen базиран на Zen 2 архитектура.

За графиката е задолжен Radeon Navi кој ќе овозможи ray-tracing операции на конзолата.

Во поглед на хард дискот, во новата конзола ќе го замени SSD дискот што ќе овозможи значително побрзо вчитување на игрите.

Многумина ќе се израдуваат за тридимензионалниот звук  - конзолата ќе има посебен AMD чип за тоа. Марк Черни од Sony вели дека играчите ќе добијат подобро чувство на присутност во просторот преку звукот, на слушалки.

Новиот Novi PlayStation ќе поддржува 8К резолуција, а датумот кога ќе биде пуштен во продажба уште не е познат. Се знае само дека ќе излезе годинава.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.