x

Додека Трамп и Ким преговарале, севернокорејски хакери напаѓале американски цели

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Март, 2019 од GSM.mk

Во новиот извештај на компанијата McAfee за сајбер безбедност се наведува дека група севернокорејски хакери активно хакираат американски компании и критична инфраструктура.

Од компанијата тврдат дека севернокорејските хакери се обиделе да се инфлитираат во скоро 80 бизниси во клучни сектори како финансии, телекомуникација, енергетика и одбрана ширум светот. Хакирањето е продолжено и во текот на самитот на американскиот претседател Доналд Трамп со Ким Џонг Ун.

Најголем број сајбер напади биле насочени кон Германија, Турција и Велика Британија, како и кон САД, пишува CNN. Се верува дека Пјонгјанг управува со некои од најсофистицираните хакерски ќелии во светот, иако владата на Северна Кореја веќе подолго демантира било какви неправилности.

Од McAfee изјавија дека операцијата на хакирање дели бројни технички врски со групата Lazarus, за која се верува дека стои зад ограбувањето банки низ светот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.