x

Дури 230 нови емотикони пристигнуваат годинава

Категорија: Забава Објавено на 08 Февруари, 2019 од GSM.mk

Бројката од 230 нови емотикони изгледа малку висока, зарем не? Покрај големиот број нови, ќе има неколку надградени, малку изменети емотикони кои се веќе познати, но годинава ќе се појават во различни бои, форми или пак со мали визуелни „дотерувања“.

Организацијата Unicode Consortium состави листа од новите емотикони за оваа година.

Во 2019 година во системот на комуникација ќе бидат вклучени 230 нови емотикони, од кои дури 175 ќе претставуваат луѓе и тела. Отсега, тенот на кожата и полот на паровите може да се комбинира произволно со преку 70 различни комбинации.


View image on Twitter


Unicode Consortium е непрофитна организација која е задолжена за стандардизирање на сите знаци кои се достапни на интернет, така што тие ќе имаат исто значење насекаде низ светот.

Одборот за донесување одлуки се состои од претставници на поголемите технолошки компании од светот. Според принципот на одлучување, новиот орангутан, коцката мраз која се топи или бионичката рака не се одлука која ја претставува Apple или Google, туку се работи за заедничка одлука на одборот. Секоја компанија ги претставува истите емотикони, со мали отстапки во визуелниот приказ.


Помеѓу најважните измени годинава се новите емотикони кои прикажуваат лица со инвалидитет. Со претставувањето на новите емотикони беше даден приказ на лице со оштетен вид со стап во раката, лице со оштетен слух и слушно апаратче, како и уште неколку други.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.