x

Два нови iPhone-и во август!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Мај, 2014 од GSM.mk

Се очекува Apple официјално да го претстави новиот iPhone 6 (или Air) во август, еден месец порано од очекувања. Информациите ни доаѓаат од Reuters, така што имаат одредена доза на кредибилитет...

Новиот iPhone ќе ја носи ознаката 6 и ќе поседува 4,7 инчен екран на допир, што е значително зголемување од 4 инчниот екран на претходниот модел. Исто така, шпекулациите велат дека во септември ќе добиеме уште една верзија на iPhone, која ќе биде со екран од 5,5 или 5,6 инчи.

Веќе повеќепати сме виделе разни слики кои наводно се од новиот 4,7 инчен iPhone 6, така што голема е веројатноста овие гласини да се вистина. Дизајнот наликува на iPad Mini, а нормално новиот телефон ќе работи на iOS 8 оперативниот систем и ќе го поседува новиот 64-битен Apple A8 чипсет.

Аналитичарите очекуваат дека со понуда на поголем екран, Apple ќе започне да зема дел од пазарот на Samsung, LG и останатите производители. Американскиот гигант сеушт ее најпрофитабилната компанија во историјата, но уделот на пазарот полека опаѓа, каде што на првото место се наоѓа Samsung.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.