x

Џинови во гејминг светот: Кои видеоигри зафаќаат најмногу меморија?

Категорија: Забава Објавено на 06 Јануари, 2021 од GSM.mk

Видеоигрите доживеаја бум за време на пандемијата. И оние кои претходно не фатиле џојстик в рака станаа страсни гејмери.

Игрите имаат сѐ повеќе детали, а корисниците бараат уште и уште – ова неизбежно доведува до една работа - видеоигрите денес бараат повеќе простор на вашиот уред отколку кога било порано.

Погледнете го комплетниот список на видеоигри кои зафаќаат најголем простор за време на инсталацијата:

* Call of Duty: Modern Warfare - 231GB

* Hitman 2 - 149GB

* Tom Clancy's Rainbow Six: Siege (sa HD texture packs) - 131GB

* Microsoft Flight Simulator - 127 GB

* Red Dead Redemption 2 - 116 GB

* Borderlands 3 - 116 GB

* ARK: Survival Evolved - 112 GB

* Assassin's Creed: Odyssey - 110 GB

* Vermintide 2 - 94GB

* Destiny 2 - 92GB

Исто така, нè интересира и вашето мислење - која видеоигра ви предизвика најголеми главоболки при инсталацијата, токму заради просторот што го зафаќа?

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.