x

Џон Леџенд е вашиот нов Google Assistant!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Април, 2019 од GSM.mk

Минатата година, Google ни вети интересно изненадување во врска со нивниот виртуелен асистент..

Една година подоцна - ветено и сторено. Отсега корисниците ќе може да го користат гласот на Џон Леџенд како опција за нивните Google Home производи, како и на нивниот Google смартфон.

Се што треба да направите за вашиот асистент да зборува како Џон Леџенд е буквално да ги изговорите зборовите  "talk like John Legend." или, "Зборувај како Џон Леџенд". Потоа, неговиот глас ќе може да го користите за лимитиран број активности, како одговарање на прашања, временска прогноза и најважно, кажување на шеги. 

Една напомена од страна на Google е дека, за жал, гласот на Џон Леџенд ќе биде достапен само ограничен период. Од друга страна, добрите вести се што Џон Леџенд нема да биде единствената позната личност која ќе може да ја користите како ваш виртуелен асистент. Останува да видиме кој друг е на листата. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.