x

Echo Dot Kids Edition: Новиот и забавен паметен звучник на Amazon за деца!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Јуни, 2019 од GSM.mk

Паметните звучници се неверојатно популарни во последните неколку години, а компании како Apple, Amazon и Google доминираат на овој маркет..

Заедно со обичниот Echo Dot, од минатата година Amazon нуди и друга верзија, специјално наменета за деца. Оваа година, овој уред го доби својот следбеник - Echo Dot Kids Edition. Станува збор за нова, подобрена и пошарена верзија од првичниот уред со гаранција од две години и претплатени FreeTime Unlimited сервиси за една година.

Amazon unveils all-new Echo Dot Kids Edition, and it's already on sale at a nice discount

Звучникот е достапен во сина и "виножито" верзија, а овој пат не доаѓа со заштитна маска. Со FreeTime Unlimited, децата добиваат пристап до низа забавни и едукативни апликации, вклучувајќи повеќе од 1000 Audible книги, илјадници песни и игри, како и Alexa со специјални "вештини".

Во меѓувреме, родителите можат да наместат дневен лимит за сите тие активности, како и да ги надгледуваат своите деца.

Amazon unveils all-new Echo Dot Kids Edition, and it's already on sale at a nice discount


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.