x

Еден куп мегапиксели: Новата Sony Xperia ќе има дури шест камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Јуни, 2019 од GSM.mk

Неодамна беше објавена информација дека Sony има намера да направи нешто оригинално со камерата на новата Xperia, а последните најави информираат дека овој уред ќе има систем од дури шест камери на задната страна.

Оваа информација беше објавена од страна на Twitter дојавувачот Макс Џеј, кој напомена дека деталите не се официјални, но се многу возбудливи за публиката.

Според него, новата Xperia би требало да има една камера од 20 мегапиксели, потоа камера од 8 мегапиксели, една ултрамоќна 48-мегапикселна камера, камера од 12 мегапиксели, 16-мегапикселна камера и за крај, ToF камера од 0,5 мегапиксели.

Засега не се познати функциите на горенаведените камери, но со сигурност барем една од нив ќе биде широкоаголна, а постои можност дека телефонот ќе има барем една монохроматска камера.

Освен шесте главни камери на задната страна, уште од поодамна се појави информација дека идната Sony Xperia ќе има систем со две селфи камери на предниот дел, кој ќе биде сочинет од главна камера со сензор од 10 мегапиксели и секундарна ToF камера од 0,3 мегапиксели.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.