x

Едноставна опција да го вратите стариот Gmail ако не ви се допаѓа новиот дизајн

Категорија: Совети Објавено на 05 Мај, 2018 од GSM.mk

Ако поради било која причина не ви се допаѓа новиот изглед на Gmail, постои едноставна опција преку која со само два чекори ќе можете да го вратите стариот изглед на овој сервис.

Како што е познато, Google од неодамна го редизајнираше својот сервис за webmail.

Покрај тоа што се воведени повеќе опции, тој доби и нов изглед.

Меѓутоа, ако не ви се допаѓа или едноставно сте навикнати да го користите стариот Gmail и не сакате никакви промени, лесно можете да го вратите стариот изглед.

Тоа можете да го сторите на тој начин што ќе го отворите Gmail и ќе ја одберете опцијата Settings, а на самиот врв откако ќе ја одберете оваа опција ќе забележите дека постои можност да одберете „Go back to classic Gmail“ и на тој начин повторно ќе ја добиете старата верзија на Gmail.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.