x

Ексклузивни фотографии од смартфонот на Xiaomi по повод 8 годишнината од постоењето на компанијата!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Мај, 2018 од GSM.mk

Не е тајна дека Xiaomi ќе одржи настан следната недела каде ќе го претстави својот нов смартфон, Mi 7. Но, поради 8-годишнината на компанијата, наводно планира да претстави уште еден производ, нешто што новите фотографии потврдија..

На фотографиите се забележува и предниот и задниот дел од уредот кој Xiaomi планира да го претстави по повод 8-годишнината од постоењето на компанијата. Почнувајќи од кутијата, за жал не открива многу, освен дека е сива и со голема осмица на неа. Но, предниот панел на смартфонот ни открива што може да очекуваме од неговиот дизајн. Почнувајќи од неговата форма, Xiaomi го следи трендот на новите смартфони, со висок дисплеј кој целосно го покрива предниот дел. Истотака, се забележуваат две селфи камери, а скенерот за отпечатоци ќе се наоѓа под екранот. 

Во внатрешноста, смартфонот ќе биде снабден со Snapdragon 845, 8GB RAM и 128GB меморија. Истотака, доаѓа со Android 8.1 Oreo. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.