x

Ексклузивно: Првиот Samsung Galaxy S4 пристигна во Македонија! Единствено во Мобеликс!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Април, 2013 од GSM.mk

Ние во GSM Macedonia сме ентузијасти за мобилната технологија и не можеме да го дочекаме моментот кога ќе го држиме најочекуваниот телефон за оваа година, Samsung Galaxy S4, во нашите раце. Дознавме дека мобиларата Мобеликс е првата која го донесе во Македонија

Samsung Galaxy S4 е дефинитивно еден од оние телефони кои ве оставаат без здив. Моментално, тој е најдоброто нешто на пазарот - но факт е дека ретко сме имале шанса да добиеме уред во исто време со светската премиера. Мобиларата Мобеликс од Скопје се погрижи за нашите ентузијастички потреби и со задоволство можеме да ви кажеме дека Samsung Galaxy S4 уште од денес е достапен во Македонија!

Постојат повеќе причини зашто овој телефон се смета за најдобриот на пазарот. Навистина не би знаеле од каде да почнеме. На пример, тука е екстремно брзиот процесор, кој е најмоќен во својата класа. Потоа, имаме 2GB RAM на располагање, како и огромен 5 инчен SuperAMOLED екран кој ќе ве остави со подзината уста.

Јаготката на шлагот е камерата. Имате цели 13 мегапиксели на располагање, а тука е и напредниот авто-фокус со големиот број на софтверски „трикови“ кои ќе ве трансформираат во професионален фотограф. Всушност, веќе го имаме анализирано овој телефон до најмали детали во нашата рецензија.

Имаме и уште една одлична вест за вас. Верзиите на Galaxy S4 во Мобеликс се опремени со Exynos Octa 5 чипсетот, што значи дека станува збор за најдобрата верзија на овој уред. Имено, постојат две различни верзии: послаба за европскиот пазар со quad-core процесор, како и појаката, Exynos верзија, која има процесор со 8 јадра! Ова значи дека дечките од Мобеликс успеале да ја донесат најсилната верзија токму во Македонија! Не им е ни првпат, бидејќи секогаш успеваат први да ги носат најновите модели на мобилни телефони во нашата земја. :)

Овој феноменален телефон веќе можете да го имате во вашите раце.

Мобиларата Мобеликс се наоѓа во населбата Кисела Вода на Ул. Вера Јоциќ бр.1 локал 5, а телефонот за контакт е 02 2772 272 или на мобилен 070 676 777 и 070 464 444. Телефоните се во ограничени количини, па побрзајте и запознајте се со вашиот нов технолошки миленик!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.