x

Електричен шок: гратис функција на iPhone 5

Категорија: Занимливости Објавено на 28 Јули, 2013 од GSM.mk

Без разлика дали станува збор за медиумска војна или вистински приказни, iPhone 5 доби огромен број на поплаки во минатиот месец. Причината? Наводно телефонот предизвикувал електрични шокови..

Во Кина, 23 годишна жена наводно починала откако доживеала електричен шок од својот iPhone 5, а 30 годишен маж се наоѓа во кома поради истата причина, но овојпат телефонот виновен за тоа бил iPhone 4. Apple сеуште се справува со овие случаи и ги предупредува сите корисници да се служат со оригинални полначи за максимална безбедност. Стујардесата Ma Ai Lun била „убиена“ кога се јавила на својот телефон (iPhone 5) додека тој се полнел.

Најновиот случај ни доаѓа од Австралија, откако една жена била хоспитализирана по електричниот шок од нејзиниот iPhone 5. Во моментот таа се наоѓа во стабилна состојба. Причината за ова најверојатно е прашината на мобилниот телефон, која го спровела електрицитетот до сопственичката. Од болницата велат дека само во минатиот период (првата половина од оваа година) добиле 232 повици за електрични шокови предизвикани од мобилни телефони.

Размислете за ова следниот пат кога купувате полнач од Бит-пазар...

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.