x

Елон Маск: Подгответе се за вселенски интернет

Категорија: Занимливости Објавено на 19 Јули, 2019 од GSM.mk

Кога се работи за SpaceX, на изненадувањата никогаш им нема крај. Извршниот директор на компанијата, Елон Маск, денеска ги претстави првите сателити дизајнирани да обезбедат интернет покриеност од вселената.

Шеесет сателити ќе полетаат кон вселената заедно со ракетата Falcon 9 на компанијата SpaceX. Нивното лансирање е закажано за 15 мај, а тие ќе полетаат од космодромот во Кејп Канаверал (Флорида), како дел од проектот наречен Starlink.

Ако мисијата се покаже како успешна, овие шест сателити ќе бидат само почетокот на проектот со кој е предвидено создавање на „соѕвездие“ од скоро 12.000 сателити кои ќе орбитираат околу Земјата и ќе обезбедат интернет за целата планета.

„Веројатно многу работи ќе тргнат наопаку на првата мисија. Исто така, потребни се уште шест лансирања со 60 сателити за мала покриеност, а 12 за пристојна покриеност“, напиша Маск на неговиот Twitter профил.

SpaceX минатата година лансираше два сателити наречени TinTin A и TinTin B, но тие нема да бидат дел од конечното „соѕвездие“. Успехот забележан со лансирањето на двата TinTin сателити беше доволно за да ја убеди Федералната комисија за комуникации да го одобри проектот Starlink.

Покрај SpaceX, и компанијата Blue Origin работи на сличен проект за испраќање на интернет сателити во вселената. Основачот на Amazon и Blue Origin, Џеф Безос најави дека има намера да лансира околу 3.000 сателити кои ќе орбитираат над Земјината атмосфера и ќе обезбедуваат интернет покриеност на ист начин како сателитите на SpaceX.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.