x

Energizer произведе телефон со најмоќна батерија во светот

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 06 Март, 2019 од GSM.mk

Телефонот на Energizer со батерија од 18.000 mAh е уред тежок скоро половина килограм.

Дебел е колку три нормални телефони ставени еден над друг и неговата вкупна дебелина изнесува 18 милиметри. Но, неговата батерија е помоќна од било која друга на пазарот, па може да му се прости за непривлечниот изглед.

Поради дебелината, тешко е да се користи со една рака, а посебно кога ви се потребни функциите кои се наоѓаат на горниот или долниот дел од екранот.

Целосното име на телефонот е Energizer Power Max P18K Pop, а тој би требало да се појави на пазарот на почетокот на следното лето. Смартфонот поседува двојна селфи камера, која се извлекува од уредот кога ќе се активира селфи-модот, и потоа се повлекува назад во него.

Како и најголемиот дел од телефоните на пазарот, тој користи оперативен систем Android Pie, а има и 6GB RAM, како и 128GB внатрешна меморија, која може да се прошири со вметнување на microSD картичка. Тој доаѓа со 6,2-инчен екран со FullHD+ резолуција, кој дава впечаток дека е премногу добар за да биде прикачен на една глорифицирана телефонска батерија со непривлечен изглед.

Кога телефонот ќе се појави на пазарот, тој ќе ја има најмоќната батерија во светот и воедно ќе биде најдебелиот телефон за комерцијална употреба. Засега цената не е позната, но очекуваме да ја дознаеме во наредните неколку недели.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.